Надојдената вода од долненските села се повлекува, допрва ќе се проценуваат штетите

  По тешката и непроспиена ноќ, состојбата во долненското село Лажани, полека се стабилизира. Надојдената вода се повлекува, а се испумпува и водата која навлезе во некои од куќите кои се наоѓаат во понискиот дел од селото. Она што дополнително ги загрижува лажанци е најавеното ново невреме.

Невремето вчера беше катастрофално. Значи, дожд врнеше некаде околу  часа, проследено со град, со силни грмотевици, со ветар. Наликуваше на ураган. Сите населени места: Саждево, Кошино, Борино сето од Јакреново одозгора од сите повисоки села се слева долу водата, а реката е многу тесна, за жал и се прават големи проблеми“, – ни рече Зекирија Адиловиќ, жител на село Лажани.

     Штетите предизвкани од вчерашното невреме ќе ги проценуваат денеска и стравуваат дека тие ќе бидат големи. Затоа, лажанци бараат во најскоро време да се регулира коритото на Саждевска река.

Може да се преземе: каналите да се исчистат и да се пренасочи водата, а не целокупната вода од сите населени места, три-четири горе планински села, сетa се слива во Лажанската река, таа „Саждејца“ што ја неркуваат и е голема катастрофа“, – објаснува Адиловиќ.

   Инаку, во текот на денешениот ден стручни екипи од општина Долнени, но и од Прилеп излегоа на терен со цел согледување на штетите и преземање на соодветни мерки за ублажување на последиците. Жителите кои синоќа беа евакуирани од нивните поплавени домови, денеска се враќаат дома. Според првичните сознанија, од земјоделските култури најмногу се погодени тутунот и пченката, а беа поплавени и повеќе од 50 куќи и објекти во селото Лажани кое брои околу 2.000 жители.

Каролина Дурло