НАЈНОВИ ВЕСТИ

Надлежните смируваат дека нема простор за паника – конго хеморагична треска не се пренесува лесно и преку воздух

Стабилна е состојбата на болничарката од Инфективна заболена од конго-кримска хеморагична треска.Параметрите континуирано се следат за да не дојде до влошување на состојбата, велат инфектолозите.Според д-р Добринка Наунова Јовановска нема простор за паника бидејќи вирусот  не се пренесува преку воздух, туку преку крв и многу секрет.

“Шансите се многу мали, но, со оглед дека пациентката има ненормално големи количини на секрет, крварење и така натаму, тие се тие заразните содржини кои би можеле да бидат пренесени. Но и покрај заштитата која ја имаме ние, сега можеби директно додека болничарката работела со пациентката била заштитена, но, потоа кога симнува ракавици, или маската, или облеката, можно е нешто да прсне во слузницата во очите и да се заразила. Значи, сѐ е можно, кога постои така голема количина на заразен материјал е можно да дојде до заразување и затоа треба многу, многу да се внимава, појасни д-р Добринка Наунова Јовановска – инфектолог од Клиниката за Инфективни болести.

Од ДСЗИ велат дека десет лица од потесното семејство на пациентката и една нејзина колешка од Клиниката за инфективни болести се ставени под 14 дневен здравствен надзор.

Здравствениот надзор значи контактите на лицата треба да се во постојан контакт со епидемиолог од Центарот за јавно здравје Скопје. Тоа не е класична изолација, но не треба да имаат контакт со останатите, едноставно да издржат 14 дена и да не се прошири оваа зараза. Се надевам дека ова ќе биде последниот случај” – изјави Рената Младеновска директор на ДСЗИ.

Директорот на ЦЈЗ Скопје вели граѓаните да бидат посебно внимателни кога се движат во природа.

Инаку болничарка позитивна на конго треската, се заразила од 27 годишната пацинтка кој апочина по убод од крлеж.