Надлежните се фалат, експертите критикуваат – сликата за земјоделството е поразителна

Состојбата во земјоделието како основна стопанска гранка е лоша,Македонија не располага со ресурси да произведе доволни количини на храна,дури нити за основните продукти.Земјоделските површини остануваат необработени,а земјава нема и доволно земјоделци.Негрижата на државата последниве 3 децении доведе во регистрите да фигурираат фармери во одминати години,младите бегаат од работа во поле оти не им е исплатлива.Нас ни се продаваат приказни кои немаат допирна точка со релноста, велат експертите.

„Во Македонија ако мислите дека е возможно да се произведат овие основните прехрамбени артикли во доволна количина, не ! Ние имаме многу ниски приноси, ние сме претпоследни во Европа по принос на пченица, 3,4-ти од позади по принос на пченка, тоа се ниски приноси“ – вели Ордан Чукалиев – професор на Земјоделски факултет.

Зад нас се годините кога некогашните земјоделски комбинати ја прехрануваа Македонија.

„Ако се вратиме повеќе од 10-тина год наназад Пелагонија, само од комбинатот засеваше површини од 8 до 10.000 хектари под есенски култури,негде околу 40 -45.000 тони имавме само пченица“ – рече Тоде Лазарески, земјоделски инженер.

Дали сега светскиот пазар ќе има достапни количини на храна по цени кои што ние можеме да си ги дозволиме,е предмет на дискусија-загрижени се експертите,укажувајќи дека Македонија ги губи и традиционалните пазари.

„Она што мене лично ме плаши е што Македонија ги губи пазарите за традиционалните производи  на пр.доматот. Доматот е намален за повеќе од 60 % а како производ во градинарството е со највисока додадена вредност и извозно гледано, највеќе внесува девизи, така да тоа е за мене застрашувачки. Имаме доста прилив на роба од соседни земји и тоа го прави твојот продукт недоволно конкурентен“ – рече Благоја Муканов, експерт за земјоделие.

Државата наместо да ги субвенционира земјоделците,не ги препознава како некој во кој треба да се вложува,велат експертите и сугерираат да се произведува сопствена храна ,а на пазарите да се пласираат домашни прозоводи.

Росица Голабоска

Advertisements