Надежта за пласман на ЕП 2024 останува!

Македонската фудбалска репрезентација триумфираше на гостувањето во Малта со 2-0 во 5-тото коло од квалификациите за Европското првенство 2024.

Рано го отворивме резултатот, уште во петтата минута со гол на Елиф Елмас. Пред финишиот на првиот дел, Јован Манев со глава го постигна својот деби гол за водство од 2-0, кое на крајот се покажа како доволно за посакуваните три бода и вкупно седум на контото по пет одиграни натпревари исто колку што имаат Италија и Украина.

Македонија има уште три тешки натпревари до крајот. Гостински меч со Украина, потоа со Италија, а на крајот ја пречекуваме Англија.

Advertisements

Поврзани вести