Навивачите ги чекаат ракометните херои на скопскиот аеродром

Со зурли и тапани и пеење на навивачки песни, голем број на навивачи подготвени за пречек на ракометарите на Вардар на скопскиот аеродром. Фанови од цела држава се на пат да ги поздрават Вардарци и да им честитаат за второто европско злато за 3 години. Се очекува ракометните херои да пристигнат на скопскиот аеродром нешто по 21 часот. Илјадници навивачи неуморно чекаат со часови за да ги дочекaат ракометарите на Вардар и заедно да го прослават трофејот освоен вчера во Келн. Речиси сите „црвено-црни“ ќе слетаат на скопскиот аеродром, освен бразилецот Рожерио Мораеш кој заедно со својата сопруга се упати кон родниот Бразил.