Наближува премиерата: Нов тизер за фановите на Game of Thrones

Како што наближува премиерата на последната сезона од култната серија на „Game of Thrones“, така и од Ејч-Би-О се порасположени за споделување на тизери и за подигање на ионака големото исчекување на сите обожаватели на овој серијал.

Овојпат НВО откри уште неколку кадри кои се наоѓаат низ целото видео во кое ги промовираат сите свои шоуа за оваа година.

Освен можноста да се види разрушениот ѕид, еднакво возбудена како обожавателите на серијата е и малата Арја Старк која ги здогледува змејовите на Денерис – а за повеќе информации од ова, обожавателите ќе треба да бидат трпеливи уште кратко.

Новата и последна сезона од овој серијал ќе биде промовирана од април годинава.