Муцунски: Не може да се избегнува дебата под параванот на Европа

Не може насилно да се става европско знаменце на закон за да се избегне дебата и да се избегне дискусија за тоа дали нешто е добро или не, и под параванот на Европа да видиме грубо прекршување на процедурите на функционирање на парламентот и да видиме дека оваа Влада е се само не европска. Видовме во петокот и делегацијата на ЕУ и официјално го потврди ова, рече Тимчо Муцунски, градоначалник и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата За или против што се емитува на телевизија Алфа.
„Да погледнеме една нивна прес конференција, со која ароганција и дрскост одбиваат отворено да зборуваат за реалните состојби во државата и уште да гледаме како објавуваат соопштенија во кои велат дека ова е европски чекор. Ова се граничи со политичка лудост, веројатно свесноста е висока и дека и покрај перцепцијата за висока корупција на сите им е јасно дека ова е најкорумпираната Влада, но истовремено и најнеспособната Влада. Власта е свесна дека е перцепирана како корупмирана и единствено решение се избори по што ќе се воспостави одговорност“, рече Муцунски.
Муцунски се осврна и на Договорот за коридорите 8 и 10д посочувајќи дека партијата има пристап до содржината на истиот и според кој ќе се плаќаат 300 милиони евра во пенали.
„Срамно е што прифаќаме да плаќаме автопат по 25 милиони евра по километар. Прва обврска на новата влада ќе биде да има истражни мерки од органи кои се ослободени од политички стеги и сите овие прашања да ги истражуваат на правичен начин“, кажа Муцунски.
Во емисијата се разговараше и за Уставните измени. Според Муцунски тоа што се говори дека во ВМРО -ДПМНЕ и постои Европски фронт, вели постои но тој е против Уставни измени . За да се донесат измените нема дво-третинско мнозинство