Муслиу: Tреба да се зголемат казните за изборен криминал

Аналитичарот Алберт Муслиу во вечерашнто гостување во Отвореното студио на Алфа, упати порака до политичарите каде што ги охрабрува да ги зголемат казните за изборен криминал.

Денеска слушнав еден интересен и добар повик на Комисијата за спречување на корупција. Укажаа таксативно кои работи не се дозволени за време на кампањата, посебно за користење на државните ресурси во кампањата, се надевам дека ќе останат на тоа да реагираат на сите злоупотреби кои можат да се случат.Јас би ги охрабрил и опозицијата и власта да ги зголемат уште повеќе казните за каде се крши изборниот законик. Нека инсталираат механизам со кој ќе мора да реагираат институциите. Можеби судството реагира по налог на власта, но работа на стар табиет е тука, вели Муслиу.