Муслиманите го слават Курбан Бајрам-сточните пазари секоја година се попразни

Верниците од муслиманска вероипсовед го слават празникот на жртвата или Курбан Бајрам. Во семејствата најчесто се жртвува овен или овца, а принесувањето Курбан има симболика на приближување кон Бога.Кон обичајот секоја година се придржува и Саит Саити од тетовско Теарце.И овој бајрам купи курбан, кој ќе го подели согласно обичаите.

Сточните пазари пак, секоја година се се попразни.Немаштијата , но и исселувањето си го прават своето, велат сточарите.Повеќе се купуваат овци кои се движат околу 100 евра, а за покрупниот добиток се даваат и до 1000 евра.Тетово нема сточен пазар , па секоја година сточарите продаваат на несоодветни места.Годинава пазарот е на излезот од Тетово, на местото каде што беше дивата депонија.И ова велат, е причина за слабиот промет.

Тридневната прослава на Курбан Бајрам започнува со утринска молитва по џамиите, а најважниот белег е давањето Курбан. Затоа се нарекува и празник на солидарноста.

Милена Вучевска