„Мој термин“ на „стенд-бај“ поради морбили

Нема прегледи во Детската клиника и во болницата за белодробни заболувања во Козле. Најмалите пациенти најмалку еден месец нема да се примаат, за да не се заразат со морбили. Ваква одлука здравствените власти донесоа дури откако три деца починаа поради компликации од мали сипаници, а некои од нив најверојатно се заразиле на државната детска клиника кога дошле за консултација поради друго заболување. Филипче вели дека постои можност „Мој термин“ да се стави на „стенд-бај“, па да не се примаат пациенти за преглед ниту во другите клиники.

Дел од мерките за заштита од морбили е и намалената граница за вакцинација, па пола доза да примат бебиња од Скопје на шестмесечна возраст.

Од Светската здравствена организација без конкретна потврда дека ваквиот чекор е добар, но сепак со поддршка за здравтсвените политики на земјава.

Во моментов во најкритична состојба поради морбили е тригодишно дете со церебрална парализа и епилептични напади, а поради компликации на Инфективна лежат уште 19 деца, меѓунив и тримесечно бебе.

Од почетокот на епидемијата до сега, вакцинирани се над 6000 деца, или околу 50 проценти од невакцинираните.

Сања Трајковска Ставров