Моторциклист се здобил со тешки телесни повреди откако паднал од својот мотор

На 27.08.2020 во 13,00 часот било пријавено дека во Скопје на ул.Лазар Личеновски А.М. (50) од Скопје управувајќи мотоцикл „апачи“ со скопски регистарски ознаки, паднал на коловозот. Во незгодата моторциклистот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Градската општа болница “Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

Поврзани вести