Мостот „Беласица“ по четири месеци делумно отворен за сообраќај

По речиси четири месеци делумно пуштен во употреба мостот на булевар „ Беласица“.

Од денеска по двете крајни коловозни ленти можат да возат само лесни возила, а средишните остануваат затворени додека ЕСМ не ги заврши градежните работи бидејќи тоа било нивна обврска.

Изминатите месеци се зборуваше за санација на опожарениот мост, но сега од  Град Скопје велат дека експертите утврдиле дека нема структурни оштетувања кои ја нарушуваат безбедноста , па станува нејасно зошто се чекаше со месеци за да се отвори

Од извештајот констатирано е дека има површинско напукнување на надворешниот бетонски слој во средишниот дел на едната страна на мостот, предизвикано од горењето на изолацијата на топловодните цевки на ЕСМ, кое ЕСМ ќе го санира со цел поставување нови топловодни цевки како нивна обврска за овозможување непрекинато снабдување на граѓаните на градот со топлинска енергија, велат од Град Скопје

Откако се случи пожарот на средина на мај, мостот како една од главните сообраќајни точки во градот беше целосно затворен.

Ова предизвикуваше метеж и нервози кај граѓаните кои бараа одговори зошто со месеци мостот е затворен

Следниот потег е на ЕСМ кои треба да  постават нови топловодни цевки за граѓаните да не плаќаат поскапо парно бидејќи тука поминува главната топловодна мрежа за испорака на топлинска енергија преку ТЕ-ТО.

Ноќта помеѓу 11-12ти мај беше запалена електричната инсталација и системот за парно греење на мостот Беласица . Од тогаш мостот беше целосно затворен за сообраќајп. Дел од експертската јавност предупредуваше дека пред да се пушти мостот во употреба неопходно е да се направат дополнителни и сериозни анализи, за да не се доведат во ризик граѓаните.  

Кристина Алексиеска

Advertisements

Поврзани вести