Мора да се уништат 9.000 свињи поради свинската чума
Се уште е неизвесно каде ќе се закопаат околу 9000 свињи кои треба да бидат уништени откако во фармата во село Таринци се појави болеста свинска чума. Ниту мештаните, ниту општината не дозволуват да се копат јами во близина на Индустриската зона. Тие синоќа успеаја да ги сопрат багерите, за кои како што тврди градоначалникот на Карбинци, немале одробрение и на тој начин пробале да узурпират државно земјиште. Жителите на двете села Таринци и Нов Караорман остануваат на ставот дека ќе се предизвика хаварија која може да предизвика последици со сериозни размери.
„Тие свињи да се закопат таму..страшна работа, целата мрснина ќе излезе. Голема депонија ќе биде, тоа се многу свињи. Како над селото, таму ни е системот за наводнувње. Не може така, треба да се најде соодветен простор“, револтирано реагираат метшаните
Од Агенцијата за храна и ветеринарство потврдија дека пред осум дена во фармата кај едно животно е потврдена болеста, па поради тоа треба да се уништат околу 9000 свињи. Топката ја префрлија на локалната самоуправа. Таа имала законска обврска да обезбеди локација за јама, најблиску до жариштето, во спротивно ќе следи кривична пријава. Но од општина Карбиници децидни, досега никој писмено не побарал локација за закопување на свињите и проупустот е направен во минатото.
„Пропустот е направен во минатотот. Од институциите издадена е А интегрирана дозвола, без да се предвиди локација за ваквов случај е пропуст за кој некој треба да сноси одговорност во следниот период„ изјави градоначлникот на Карбинци, Виктор Паунов.
Општината има предвидено две локации за закопување на мртви животни, но тие не се соодветни за болеста и бројот на животните кои требаа да се закопат. Паунов најави дека во најбрз рок ќе го повика и Советот на општината, а ќе се бара мислење и од населението. Прв случај на свинска чума се појави минатата година и досега во државата се уништени 3,500 свињи.
Александра Ристевска