Мора да има реципроцитет – ако Бугарите влезат во Уставот, треба и Македонците да влезат во бугарскиот

Како што тие бараат од нас, така бараме и ние од нив – Бугарија мора да го смени уставот за да конечно се стави крај на негирањето на малцинствата, меѓу нив и македонското. Македонците од Бугарија, преку ОМО Илинден Пирин, бараат две измени – прво Бугарија да признае дека во државата постојат национални малцинства, и второ да го набори со име – со други зборови да стои Македонско национално малцинство. На ваков начин конечно ќе престане негирањето.
Ова барање содржи два елемента, првиот е да се внесе самиот поим национално малцинство во бугарскиот устав, вториот е да се се набројат основните малцинства. Се има развиено во последниве 10тина години една тоталитарна идеологија која ретендира дека во Бугарија нема малцинства, дека наводно Уставот на Бугарија не признавал малцинства што не е точно…вели Стојко Стојков – ОМО Илинден Пирин.
Стојков вели дека ова барање за менување на уставот не е од сега, туку тие барале внесување на малцинствата уште пред да биде потпишан договорот за добро-соседство и да се формализира барањето Бугарите да влезат во Македонскиот устав. Тоа го сториле свени дека Софија нема ништо да направи, но им дава шанса за проблемите на Македонците да слушнат и реагираат меѓународните организации.
Дека треба да постои реципроцитет во односите Скопје-Софија, требале да се погрижат уште на времето Заев и Димитров, или сега Ковачевски и Османи. Екс-амбасадорот Донев смета дека вака се доведуваме во ситуација каде војуваме изгубена битка.
Принципот на реципроцитетот е основен принцип во меѓународните односи, ако секоја држава без разлика дали е голема или мала, реципрочно реагира на однесување на некоја друга држава, на тој начин го заштитува своето достоинство и достоинството на своите граѓани. Второ, кое за жал македонската влада не вовлече е прашањето за признавањето или не признавањето на малцинство. Ако некоја држава не признава постоење во рамките на своите граници на малцинство од друг народ тоа значи дека не го признава народот.Тоа се основни прашања кои нашата дипломатија требаше своевремено да ги реши со Бугарија, прашањето за внесувањето во Уставот на македонците во пиринска Македонија е прашање кое требаше да биде покренато на време, вели Јован Донев – поранешен амбасадор.
Додека бугарите притискаат, се чини дека македоснката влада се повеќе попушта, особено затоа што и пред да биде изгасана потребата за уставни измени тие веќе формираа работна група со сите партии од власта и неколку експерти каде зад затворени врати ќе ги кројат амандманите за менување на уставот. Работната група веќе се состана, идна средба ќе имаат за неколку недели.
Мери Симоновска