МОН контра МОН – Учебникот по историја ќе се менува поради реакции на социјалните медиуми

Социјалните медиуми, а не релеванти лица или историчари се официјалната причината за менеување на учебникот по историја за 7мо одделение. Министерството за образование и наука се демантираше себе си.

Пред нешто повеќе од еден месец Министерството под раководната палка на Јетон Шаќири од ДУИ реши да го менува учебникот по историја, под оправдание дека до нив пристигнале „бројни претставки од релевантни лица“ за сега да го смени оправданието.

Првично тие не откриваа кои се релевантните лица, колку претставки пристигнале до нив и за кои соддржини од учебникот, па Алфа ги постави овие прашања во барање за информации од јавен карактер, за во одговорот тие да се дементираат сами себе си.

„Министерството нема добиено официјална претставка за учебникот односно преиспитувањето започна врз основа на големи реакции на социјалните медиуми“ – Пишува во одговорот од Министерство на барањето за пристап до информации од јавен карактер.

Во комисијата која ќе ја менува македонската историја од вкупно 7 членови, само тројца се макеоднци. Предводена од историчарот Бобан Петровски, во неа исто така членува Сафет Незири, Маја Бичиклиска, Илир Мемеди, Африм Салиу, Благица Атанасова и Ферди Бафтија.

Оваа комисија требаше да достави предлог измени до министерот Шаќири во законски утврден рок од 10 дена, но, оттогаш поминаа 3 недели. Иако од Алфа прашавме за тоа кои се предлозите и дали воопшто ги има, од министерството не добивме одгвор.

Инаку, Македонија до учебната 2024/25 година ќе мора да ги отстрани деловите кои му сметат на нашиот источниот сосед, а за кои мешовитата историска комисија веќе постигна договор. Лекциите за Букурешкиот мировен договор и поделбата на Македонија, положбата на Македонците во Бугарија, Антифашистичкиот отпор, Балканските војни и историските факти кои се однесуваат на Цар Самоил се само мал дел од она што Македонија ќе треба да го промени во учебниците по Историја за седмоодоленците согласно протоколот кој го потпишавме со Бугарија.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста