Молк од надлежните по исвиркувањето на македонскиот јазик на рамковната прослава

Изминаа цели два дена и се уште молк од Илинденска, молк од министерството на Груби или било која друга државна институција. Никој од нив не собра храброст да го осуди исвиркувањето на македонски јазик на прослава финансирана од народни пари. Владата и Министерството за политички систем и однос помеѓу заедниците до сега не видоа причина да реагираат околу скандалот кога водителката на државната прослава за Рамковниот договор проговори на македонски јазик, и заради тоа доби гласни свирежи од публиката.  Нема одговор ниту на прашањата која Алфа ги упати директно до првиот вицепремиер.

Дали Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците ќе се извини до Македонците поради овој потег на публиката? беше едно од прашањата кои го поставивме до Грубо.

-Дали Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците ќе испрати осуда да овој потег на публиката? беше второто прашање поставено до Груби.

Прв од владата за инцидентот проговори вицепремиерот за евроинтеграции,  Бојан Маричиќ, кој се обиде да го амнестира својот колега Груби и тврди дека свирежите не биле иницирани од политички субјекти.

„Провокации и обиди за дестабилизација имало и секогаш ќе има, но за разлика од пред пет години, денес тие ниту се иницирани, ниту се провоцирани, ниту се поддржани од кој било чинител од власта. Ние сигурно чекориме кон ЕУ, разумно, одлучно, со почит кон нам различните и во договор со нашите сограѓани, пријатели, другарки и другари, припадници на сите етникуми во нашата земја, дека нашиот пат напред е еден и заеднички. Со заемна поддршка ќе ги надминеме сите предизвици на овој пат, амбициозно и без застанување кон остварување на полноправното членство во Унијата“, гласи објаснувањето на Маричиќ дадено за ДВ.

Скандалот кој претставува директна навреда за македонскиот народ, во деликатен момент кога се води битка за зачувување на македонскиот јазик од нападите од Бугарија, ја разгневи јавноста. За разлика од власта, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за Дојче Веле на македонски јазик коментира дека ова е голем срам за власта.

„Се работи за настан платен со владини, односно државни пари. На тој настан се исвиркува македонскиот јазик, истиот тој кој Владата евтино го распродава и во преговорите со Бугарија. За вакво ли развеселување мислеше министерката за култура, кога го правдаше трошењето народни пари за вакви партиски прослави. Срамот е голем што од Владата отсуствува секаква реакција. Со национализам политика не се тера. Ова само ја покажува поделеноста на општеството и постоењето на два паралелни света. Таквите бариери се градени од политичките елити на власта за полесно да може да ги остваруваат личните интереси поврзани со бизнис мотиви, додека граѓаните Македонци и Албанци тонат во вештачката омраза која е подгревана од политичарите на кои тоа им одговара“, вели Мицкоски.

Според Мицкоски простор за славање, нема, кога народот страда и живее во сиромаштија.За него, прославата која била вештачка, со партиски предзнак,  и исклучиво во функција на престојните избори во Тетово. 

Инаку прославата за Рамковниот чинеше 100 илјади евра кои се одвоија од државната каса, а мина без ниту еден македонски пејач, откако двајцата најавени, Владо Јаневски и Антонија Гиговска го откажаа настапот.

Организатор на овој фестивал беше фирмата Арберија Дизајн, која важи за омилена кај ДУИ и во последните четири години има добиено дури 61 државен тендер.

Викторија Миткова

Advertisements