Молитва за помирување: МПЦ-ОА и СПЦ со заедничка литургија во храмот Свети Сава

Се слушна литургија на македонски јазик во српскиот храм Св. Сава во Белград.
Голем број верници го исполнија храмот. По цели 55 години двете цркви, МПЦ-ОА и СПЦ, заедно богослужеа, поглаворот македонски и охридски, архиепископот Стефан и српскиот патријарх Порфириј.

Поглаварот на МПЦ-ОА, г. г. Стефан, пред верниците порача дека е воспоставено единство со СПЦ и дека е уверен оти до крајот на овој месец, српската црква, уште на овој сабор ќе и предолжи на Цариградската Патријаршија и конечно рашавање на автокефалниот статус.

МПЦ-ОА ќе продолжи по патот што му служи на мирот, по патот што ќе биде и пат за конечно решавање на автокефалниот статус. Ние веруваме дека уште деновиве ќе доживееме полна радост со помош на Господа и со помош на Вас. Знаеме колку е важно да помогнете повеќедецениската тага да се претвори во радост. Свесни сме дека сме повикани да се облечеме во љубов, која поврзува во соврешеноство, во мир. Со божја помош ќе помогнеме да растеме како Црква. Во братска Србија, со братскиот народ, верувме во добро. Ваша светост, сакаме особено Вам да ви заблагодариме за грижата Христова, за иницијативата да се сретенеме и да дадеме предлози за решавање на спорот меѓу двете цркви-вели македонскиот и охридскиот архиепископ Стефан.


Како што бијат камбаните на црквата Свети Сава, така бијат и нашите срца од радост поради овој благословен ден порача српскиот патријарх посакувајќи им добредојде на браќата од Македонија.

Ние сме едно во Христа, едно во црквата и овој одзив на браќата и сестрите од Белград од Србија и од Македонија, овде денеска, покажува дека е верно и честито срцето на нашите народи и силно бие за сите нас, во ритамот на Христа. Денеска Господ не погледна и не помилува, а ние сме како недостојни луѓе, единствено што не треба да правиме е да спречуваме да делува Божјата благодет. Еве, денеска сме заедно во храмот ‘Свети Сава’. Иако знаме дека црквата е пирамидално поставено, се согласивме делувањето да биде обратна пирамида, народите да бидат на врвот, а ние на дното. И да служиме. Црквата и Христос во нас и меѓу нас да растат рече српскиот патријарх Порфириј.


На литургијата присуствуваше и Јован Вранишковски.

– Овој ден го створи Господ да се радуваме и веселиме во него. Треба да им се даде големо признание на архиереите од МПЦ кои издржаа неразумни и противцрковни притисоци…
Најголема благодарност им упатувам на Порфириј и на Стефан, на првиот за добрата волја и големата упорност, а на вториот за спремноста за лична жртва да ги поднесе оговарањата на нецрковните луѓе во Македонија
– рече владиката Јован од ПОА.


На почетокот на мај, Цариградската Патријаршија ја призна Македонската црква како канонска, а во понеделникот Саборот на СПЦ воспостави канонско единство со МПЦ-ОА. Деновиве се очекува да продолжи дијалогот помеѓу Македонската и Српската православна црква, кој досега се водел зад затворени врати а најверојатно така и ќе продолжи.


Високи црковни извори уште пред неколку дена за Алфа открија дека МПЦ-ОА и СПЦ веќе се имаат договорено за доделување автокефалност, а автономијата е само преодна фаза, како што налагаат канонските правила.


Непосредно по завршувањето на српскиот Сабор, до кога се очекува, препораката за автокефалност, е закажано и заедничко сослужување на македонскиот архиепископ Стефан со вселенскиот патријарх Вартоломеј, на празникот Педесетница, на 5-ти јуни, во Константинопол.

Викторија Миткова