МОК го суспендира Борко Ристовски за вербална навреда на претседателот Димевски – ракометарот закажа прес во среда

МОК го суспендира Борко Ристовски за вербална навреда на претседателот Димевски – ракометарот закажа прес во среда. Дисциплинската комисија на МОК го казнила македонскот ракометар Борко Ристовски со четиригодишна суспензија, за вербална навреда на претседателот на МОК, Даниел Димевски.

 Голманот Ристовски бил пријавен во март од Димевски за гостувањето во политичкиот магазин „За или Против“ на Телевизија Алфа , каде што „ширел невистини, лаги, клевети и неточни информации на сметка на димевски кои можат да бидат штетни и по МОК, федерациите на МОК и спортистите.

Ристовски имал право на жалба од осум дена, но рокот е веќе изминат. Дисциплинецот како отежителна околност го земал и податокот дека Ристовски не се извинил. Ристовски може да се жали до Управниот одбор  на МОК преку истата комисија. Голманот на Вардар најави Прес -конференција за во среда каде ќе објави детали за одлуката и неговите следни чекори.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста