Можно ли е ново зголемување на платите на судиите?

Малку им беа речиси 80 проценти зголемување, па сега уставните судии пред одлука за можно ново зголемување на платите. Од оформените предмети кои ги бележи судот минатиот месец, 14 вкупно, се вбројува и оној од адвокат кој го оспорува членот 5 од законот за платите на судиите. Во прифатената иницијатива се вели дека фиксниот износ е понизок и од минималната плата во бруто износ од март 2022 до февруари 2023 година и поради тоа е во спротивност со економските права кои според Уставот треба да ги има секој граѓанин.

  • Подносителот наведува дека во оспорениот член основицата е фиксно утврдена и изнесува 25 726 денари со примена од декември 2011 година. Наведувањето на фиксниот износ е спротивен на членот 5 од истиот Закон, како и членот 11 од Законот за плата и другите надоместоци на пратениците во Собранието и другите избрани и именувани лица, смета подносителот. Во иницијативата се наведува дека фиксниот износ е понизок и од минималната плата во бруто износ од март 2022 до февруари 2023 година и поради тоа е во спротивност со економските права кои поред Уставот треба да ги има секој граѓанин“, стои во соопштението од Уставниот суд.

Тимови од советници и судии веќе ги работат оформените предмети од 1 до 31-ви март односно се во претходна постапка. Уставниот суд допрва ќе ги испитува наводите во иницијативите и барањата и ќе оформи реферати кои ќе содржат предлози за гласање на седница.

Прашањето за ново покачување на платите се поставува само по неполн месец откако уставните судии едногласно ја донесоа одлуката за покачување на платите на сите функционери, во кои се и судиите. Енормно зголемените плати веќе легнаа на функционерските сметки. Иако со смирувачки тонови Владата ветуваше дека ќе ги намали коефицентите за пресметка на платите на избраните и именувате лица, до сега не мрдна со прст. Ниту народните избраници, кои ќарија од одлуката на уставниот суд, не покренуваат никакви законскии измени во Собранието.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста