Може ли Турција да стави кочница за членството во НАТО? Радмила Шеќеринска оптимист

Барањата на Турција за влез на Македонија во НАТО можно е да го забават процесот на ратификација, но не и да го загрозат влезот во Алијансата, оптимист министерката за одбрана Радмила Шеќеринска по реакциите поврзани со припадниците на организацијата на Фетула Ѓулен. Таа и покрај се нагласи дека очекуваат поддршка од сите земји-членки на Алијансата.

– Очекуваме сите земји-членки кои силно не поддржаа на патот на НАТО-членство да го потврдат тоа и во текот на оваа година со ратификациите. Ние, со сите наши пријатели, сојузници, особено со Турција сакаме, градиме и ќе градиме добри односи, изјави денеска вицепремиерот и министер за одбрана Радмила Шекеринска.

Претходно и министерот за национална одбрана на Турција, Хулуси Акар кој беше во посета на земјава, предупреди дека во Македонија постојат структури на организацијата ФЕТО, а тоа им штети на односите на двете земји.

Во Македонија веќе се води постапка за екстрадиција на припадниците на ФЕТО. Од 15, двајца од нив повеќе не се во земјава, тврдеше министерот за внатрешни Оливер Спасовски.

– На територијата на земјава имало 15 лица припадници на организацијата ФЕТО, рече и министерот за внатрешни Оливер Спасовски.

Турција со години наназад е еден од нашите најголеми сојузници, но се уште не го усвоила протоколот за НАТО, кој во последниве два месеца го потпишаа 11 земји членки на алијансата, процес кој се очекува да се заокружи до почетокот на следната година и да резултира со полноправно членство.

Анкара уште лани побарала екстрадиција на 15 лица, осомничени дека се блиски до организации поврзани со Фетула Ѓулен – обвинет занеуспешниот државен удар во Турција.

Останува отворено прашањето дали македонската влада ќе ги исполни желбите на Турција, за санкционирање на противниците на Реџеп Таип Ердоган, и дали од тоа ќе зависи и поддршката од Анкара, за влезот на Македонија во НАТО.

Инаку, Турција во неколку наврати, изрази разочараност дека македонската влада не презела ништо за санкционирање на ѓуленисти.

Борис Грујоски