Можеби не ја разбра што го праша: Бугаринот Пулев прво го нокаутираше противникот, па ја „нападна“ новинарката

Бугарскиот тешкаш Кубрат Пулев направи „гаф“ после борбата во која го нокаутираше својот противник Богдан Дину. Во едно од интервјуата по мечот, Пулев, кој патем покажа и дека не го владее совршено англискиот јазик, последното прашање кое му го постави новинарката Џени Суше (Вегас спортс дејли) го одговори „на француски“.

Суше за Њуз од Австралија изјави дека потегот на Пулев бил „(малку) засрамувачки и чуден“. Ама малку – што се гледа и по нејзината реакција.

„Кобрата“ Пулев повторно претендира на светската титула, откако еднаш се откажа од битка со Ентони Џошуа поради повреда. Се разбира, доколку во меѓувреме не биде повторно повреден од неговата девојка, бугарската фолкерка Андреа.