МНР молчи за препораките на странските амбасадори Димовски да не биде амбасадор во Париз

Молк од МНР дали и по критиките на странските амбасадори Виктор Димовски да остане дома, ќе биде испратен како прв дипломат на Македонија во Париз. На Министерството за надворешни работи не му се слушаат амбасадорите на клучните сојузнички земји кои препорачале да се разговара и за нови можни кандидати за местото на Димовски, со оглед дека тој беше во центарот на вниманието во случајот со Онишченко.

Дека сликата која се создава за македонската дипломатија и не е така сјајна говореше и поранешниот амбасадор Марјан Ѓорчев. Тој вели колку и да е Димовски добар во својата работа, Онишченко е случај кој е недозволен.

  • Ценам дека затаи, дека многу затаи, така и во дипломатијата, во МНР морам да кажам дека ситуацијата е драматично влошена, од она време кога да речеме јас сум бил во Владата и македонската дипломатија имала да речеме министри кога за како еден Срџан Керим. Едноставно, Онишченко е пример да научиме како не треба. Велите тоа не е голем пропуст ама е недозволен“ вели Марјан Ѓорчев, поранешен амбасадор на Македонија во Софија.

По критиките од амбасадорите, и претседателот Пендаровски и министерот за надворешни најавија консултации со премиерот Ковачевски дали Димовски ќе биде испратен во Париз.

Во меѓувреме, вината за скандалот со случајот Онишченко уште е неразјасната за јавноста.  Седницата во собраниската комисија пропадна бидејќи ниту поранешниот а ниту ни сегашниот директор  на АНБ, а уште помалку некој член од Агенцијата  не се одважи да се појави и беше прекината. Претседателот на комисијата Љупчо Пренџов го оцени како неодговорно однесувањето на вработените во АНБ и најави дека за кратко време ќе свика нова седница, со цел мистеријата Онишченко да добие епилог. Единствено засега е познато дека Зарко Милошевски во вторник или среда на затворена седница ќе ретерира пред владините функционери, а според шпекулациите тој наводно го истражувал случајот со издавањето македонско државјанство на контроверзниот Онишченко.

Викторија Миткова

Advertisements