Мнозинството „ги истрча“ уставните амандмани

Само пет дена јавна дебата за четирите амандмани со кои се менува името и Уставот на Република Македонија одреди претседателот Џафери, откако претходно експресно, за помалку од една недела се протуркаа на комисиска расправа. За поранешниот претседател на Собранието ова е недозволливо. Само пет дена за комплетно менување на идентитетот на државата е срамно, рече Вељаноски, и го повика Заев да реагира до Џафери. Но Заев не доби збор од собранискиот спикер, а барањето на Вељаноски беше одбиено од Џафери.
Откако прво брзо поминаа првиот и вториот , за промена на името во Северна Македонија и елиминацијата на Манифестот од АСНОМ во Преамбулата, викендов се протрча и низ третиот и четвртиот: едниот за гарантирање дека немаме територијални претензии кон соседите и оној вчера – дека ќе се штитат правата на „државјаните во странство без да ги загрозуваме суверените права на странските земји“. Последниот – особено чувствителен како што предупредуваат од опозицијата, нема да го промени односот на Грција кон македонскиот народ, и покрај тоа што земјава ќе спроведе се што Грција побара со преспанскиот договор.
Уставните амандмани сега одат на законодавно-правна комисија, по што ќе следи петдневната дебата. По неа се селат на второ читање на пленарна седница, на 1 декември, каде за усвојување ќе е потребно просто мнозинство односно 61 пратенички глас.

Искра Коровешовска