Многу скршеници од недочистените улици во Битола

Конзулскиот град се уште е заробен во поларна зима, а денеска Битола, со минус осуманаесет степени, повторно беше најстуден град во Македонија. Последиците од оваа состојба се очеигледни во сите сегменти на секојдневието, а најлошо поминуваат пешаците поради недоисчистените улици и тротоари и поради паѓањето, се здобиваат со скршеници. Во овие две недели, Клиничката болница е преполна со повредени пациенти.

  • Бројот на граѓани кои побарале помош во нашата Клиничка болница овие денови е зголемен. Скршениците се згоелчемни за педесет проценти, а имаме граѓани кои се лекуваат на Ортопедското одделение, но овие два до три дена ги препуштаме на домашно лекување. За време на божиќните паразници бојот на скршеници беше доста зголемен и тогаш Ортопедското одделение беше преполно, а и капацитетите на Оделението за физикална медицина беа отворени, така да ниту еден пациент не беше вратен – рече Сузана Коневска, портпарол на Клиничката болница во Битола.

Граѓаните се жалат на нечистите улици и сите се загрижени поради ваквите состојби, во кои локалната власт не си ја заврши работата како што треба, при околности на екстремни студови.

  • Битола е алармантна, никаде не се исчистени улиците и никаде не е како што треба – рече еден посетител во Болницата.
  • Овде колку нозе и раце се имаат искршено. Еве, сега сме дојдени тука оти раката ја скрши ќерката – рече друг посетител.
  • Сега отидов до Тинекс и малку фалеше пред врата да паднам и да се сакатам – рече еден пензионер.
  • Опасно е, патиштата не чинат, а улиците не се чистени и ниту сол фрлаат – рече еден пациент од Болницата.
  • оди кај новата улица што ја правеа, да видиш снег до колена и никој не ја чисти – рече еден пензионер на Широк сокак.

И додека бројот на настраданите граѓани е сее поголем, иако опозициските советници побараа вонредна седница на Советот, експонентите на власта оваа иницијатива ја одбија нарекувајќи ја политиканство. А дека состојбите се драматаични, потврдува и фактот што покрај периферните улици, не се исчистени и најфрекфентни делови на централното градско подрачје.

Состојбите се такви во Битола, што дури и во најградската улица во македонија Широк сокак, снежните наноси не се исчистени, а вистински алпинистички потфат за пешаците е тука да се минува.

Петар Стефановски