Младински сојуз: Младите немаат можност да одлучуваат за функцонирањето на државата

Последнава година немало ниту еден млад министер или заменик министер до 29 годишн возраст, а има само двајца пратеници. Секој трет млад човек во Македонија е под ризик од сиромаштија, а дури 4 од десет сметаат оти главна причина за да си заминат од државата е корупцијата. Ова го покажуваат последните истражувања на Младинскиот сојуз.

  • „Се уште нема стимул за вклучување на младите луѓе. Не се вклучени доволно во процесите на одлучување и се доста подложни на различен тип на влијанија кои што ги тераат младите луѓе да си заминат. Нивото на корупција е едно од причината зошто младите си одат“ – Истакна Анелија Митрова, оперативен координатор на Младински сојуз.

Оттаму додаваат дека исселувањето на младите е само начин како да избегаат од проблмеот, оти не гледаат перспективност или можност за поголемо вклучување во процесот на одлучување.

  • „Претходно на пример, знаевме дека во многу општини и мали места во внатрешоста им се заканува да исчезнат, затоа што младите луѓе се исселуваат и не ги сметаат за атрактивни места и средини за живеење, а сега за жал, цела држава станува една таква средина за живеење.“ – Вели Методија Стојчески, извршен директор на младински сојуз.

Денес се оддржа завршниот настан на младинскиот сојуз од Крушево, на кој беа презентирани младинските истражувања за 2022 година. Реалноста покажува и дека младите недоволно учествуваат во менаџирањето на институциите и немаат можности да одлучуваат за функционирањето на државата.

Никола Цветкоски

Advertisements