Мицксоки во новогодишна посета на Дневниот Центар во Велес каде престојуваат лица со посебни потреби

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ  Христијан Мицкоски денеска беше во новогодишна посета на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа- Дневен Центар во Велес.

Во Дневниот центар престојуваат деца и возрасни со посебни потреби. Децата добија новогодишни пакетчиња, а Мицкоски се информираше и за работата на центрите од ваков тип, кои се многу значајни за социјализација и грижа на лицата кои имаат пречки во развојот.