Мицкоски: Ја прекинуваме официјалната комуникација со власта

Најголемата опозициска партија во Македонија ги прекинува сите официјални комуникации со власта. Повеќе нема да има средби на билатерално ниво, обелодени денеска во Штип, преседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Таквата одлука е донесена деновиве на ИК на партијата. Единствено може да преговараат за предвремени парламентарни избори.

  „Повеќе нема ништо на маса, а тоа е да седнеме и да се договориме кога ќе бидат изборите ,како ќе бидат, на кој начин , со техничка влада, немање на техничка влада. Така што од овој момент па натаму нема да зборувам ништо што е поврзано со уставните измени, туку единствената работа што би сакал да ја зборувам е да седнеме на маса и да разговараме за брзи и предвремени парламентарни избори„ изјави Христијан Мицкоски, преседател на ВМРО-ДПМНЕ.

За вчерашната енергичната најава на премиерот Ковачевски дека за две недели уставните измени влегуваат во собраниска процедура, Мицкоски не е оптимист бидејќи цела година има одложување на процесот,а тоа означува дека немат поддршка, односно 2/3мнозинство.

  „Ние веќе цела година ги чекаме уставните измени бидејќи ако се сеќавате уште од минатата година јули месец почна оваа драма околу уставните измени, па требаше есента, па зимото 2022-ра, па префрлија во февруари, па не во февруари туку во мај, па јуни и јули еве дојде такаа што континуирано имаме еден процес на одложување, а процесот на одложување значи дека тие немат поддршка што го прифатија без да ја консултират опозицијата и без да го консултираат македонскиот народ„ рече Мицкоски. За ставот на Ковачевски, дека оваа есен нема да има избори, Мицкоски рече дека Ковачевски многу работи најави, па потоа ги поплука и порача да му се даде време на времето. 

Александра Ристевска

Advertisements