Мицкоски ја поднесе иницијативата за референдум – Барањето за предвремени избори останува

Јас ќе бидам прв потписник на граѓанската иницијативата, а потоа очекувам пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ да ги предводи потписите, изјави лидерот на партијата Христијан Мицкоски откако изутрната ја поднесе до државната изборна комисија иницијативата за распишување референдумот за договорот со Бугарија.
Воедно, тој повика на се-македонско обединување
– „Ја користам оваа прилика да ги повикам сите општествени чинители, невладини организиации, буквалано сите поедници да се обединат на едно општествено се-македонско обединување и да застанат против тоа кое што претставува главен проблем на нашата европска интеграција, а тоа е договорот што го има потпишано Република Македонија со Република Бугарија. Затоа, кога ќе се случи овој референдум да излезат и да гласаат за престанок на важноста на законот со кој што овој договор е ратификуван во рамките на парламентот.“ – Истакна Мицкоски
Запрашан дали со барањето за референдум се откажува од барањето за предвремени избори, вели дека дека тоа не е така.
– „Не, не не. Напротив. Оддржувцањето на референдумот е одлична можност заедно со референдумот да организираме и предвремени парламентарни избори на еден трошок. Ја повикувам власта, парламентарното мнозинство да покаже демократски карактер, да се охрабри и да ги потврди своите политики на предвремени парламентарни избори, кои што би се случиле заедно со референдумот.“ – Изјави Мицкоски.
Во врска со ставовите на претседателот и на премиерот на државата околу референдумот, Мицкоски вели дека тие често прават политичка гимнастика со своите ставови.
– „Пендаровски дури сугерираше референдумско прашањее, дури во една своја изјава кажа дека тоа е легитимен чин. Потоа напави гимнастика и се повлече од сето тоа, за да денеска е најголем плукач на референдумското изјаснување.“ – Рече Мицкоски и додаде – „Јас навистина жалам што од ден на ден Стево Пендаровски потврдува дека не е достоен да ја извршува функцијата која ја извршува, а тоа е претседател на сите граѓани, а тоа е Претседател на сите граѓани“.
Во текот на денешниот ден ќе се собираат 100 граѓански потписи, во петок преку државната изборна комсија истите ќе бидат доставени до собранискиот спикер, по што комисиите при собранието започнуваат со процесот за утврдување на тоа дали иницијативата е уредна или не.
Прашањето на референдумот треба да гласи „Дали сте за престанок на важењето на законот за ратификација на договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија, објавен во службен весник на Република Македонија број 12/2018 од 18.01.2018 година.