Мицкоски со видео порака: Ова е борба на нашата генерација, затоа- избори за Македонија

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во новото видео обраќање уште еднаш повика на одржување предвремени парламентарни избори.

-Тажно, мрачно и црно е денес во Македонија. Тие го сменија името, го сменија и македонскиот идентитет, ги предадоа и македонската култура, традиција, спорт и образование. Тажно и мачно е денес во Македонија. Го понижуваат народот. Ги осиромашуваат граѓаните. Ги омаловажуваат хероите. Го менуваат карактерот на македонската држава. Тажно, мрачно и црно е денес во Македонија. Денес под водство на Заев, Македонија е поделена. Затоа потребни се предвремени парламентарни избори. Избори на кои вие, народот ќе одлучите дали сте за понижена Северна Македонија или пак сте за напредна и успешна Република Македонија. Избори на кои ќе ги победиме црнилата и ќе ја донесеме зората. Ова е борба на нашата генерација и затоа изгреј зоро на слободата. Избори за Република Македонија, порача Мицкоски во видео порака.