18.5 C
Скопје
24.05.2019
Почетна Uncategorized Мицкоски – Соботка: Власта спроведува политички прогон преку монтирани случаи и злоупотреба...

Мицкоски – Соботка: Власта спроведува политички прогон преку монтирани случаи и злоупотреба на институциите

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес, заедно со потпретседателот Александар Николоски и членот на Извршниот комитет, Влатко Ѓорчев остварија средба со претседателот на националниот совет на Австрија Волфганг Соботка.

На средбата се разговарало за повеќе теми важни за стратешките приоритети на Република Македонија, како и за актуелнитa политичка и економска состојба во државата.

Како што информираат од ВМРО-ДПМНЕ претседателот Мицкоски на средбата го информирал својот соговорник за политичкиот прогон кој го спроведува власта, преку монтирани случаи и злоупотреба на институциите.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ посочил дека однесувањето на власта кон политичките противници е далеку од западните и европски вредности кон кои се стреми Македонија.

Мицкоски ја потенцираше и влошената економска состојба во Македонија која е резултат на неспособноста на актуелната власт. Тој истакна дека стандардот на граѓаните е во континуиран пад, реализацијата на капиталните инвестиции е катастрофална, а владата не може да обезбеди економски раст. Соговорниците разговараа и за реформските приоритети кои се важни за членството на државата во ЕУ и НАТО. На средбата беше истакнато дека е од огромно значење поддршката на Република Австрија за членство на Република Македонија во ЕУ и НАТО, но приоритет е земјата сериозно да се зафати со реформи во кои за жал моментално власта сериозно заостанува, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.