Мицкоски: Се додека оваа мафија не ја исчистиме од корен на Македонија нема да и тргне

Мафијата мора да се исчисти од корен, порача првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ. Мицкоски вели дека криминалот во Македонија го чувствува секој еден граѓанин. Според него, единствен што го брани Мерко е премиерот Димитар Ковачевски.

Единствен што го брани Мерко е Димитар Ковачевски, дури и самата ДУИ молчи и затоа ќе сумирам се додека оваа мафија не ја исчистиме од корен, на Македонија нема да и тргне, нема да тргне напред и нема да има надеж и ќе продолжи да се празни, рече тој и додаде дека „идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ се обврзува да го искорени криминалот. Сè додека оваа мафија не ја исчистиме од корен на Македонија нема да ѝ тргне напред, нема да имаме надеж и континуирано Македонија ќе ни се празни и иселува. Како идна влада, влада која ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ се обврзуваме пред граѓани дека оваа мафија во која идеално кохабитираат политичари и криминалци ќе биде во корен исчистена вели Христијан Мицкоски, пртседател на ВМРО ДПМНЕ.

Ковачевски пак вчера кажа едно, денеска друго. Прво рече дека истражните и правосудните органи треба да ги испитаат наводите, но и да се запрашаат како САД дошле до такви сознанија, но не и тие. Сега, пак, рече дека доколку тој лично би се нашол на „црната листа“ не само што ќе си поднесе оставка туку тоа ќе го смета за најголем пораз во личната и професионална кариера.

„Ако институциите кои не се надлежност на Владата се позанимаваат со тоа, ќе може да лоцираат индивидуална одговорност и на други места каде требало нешто претходно да биде санкционирано. Ако министер во Влада се најде на црна листа на САД, држава која е наш најголем стратешки партнер, во истиот момент на тој министер ќе му биде поднесено разрешување од моја страна“, рече Ковачевски.

Мерко од пред три дена е на црната листа на САД, кои тврдат дека имаат докази дека е вмешан во корупција, влијаел во судски предмети, присвојувал средства.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста