Мицкоски: СДСМ прави проект ВМРО ДПМНЕ повеќе да не постои

Лидерот на опозицијата алармира дека СДСМ спроведува нациоанлен проект на понижување, омаложување и уништување на Македонија. Христијан Мицкоски предупредува дека паралелно има процеси преку уценети и инструирани структури кои се обидуваат да се нанесе сериозен удар врз ВМРО-ДПМНЕ и врз самите членови. Предупреди од урнисана економија, криминал, корупција но и сериозни притисоци врз партиските членови по одржаните протести.
-Ќе се појави некој сведок кој ќе каже дека ВМРО-ДПМНЕ била ваква или таква и како пратично ВМРО-ДПМНЕ се претстави во јавноста како злосторничка организација за да им се даде потоа правен легитимитет на овие структури да можат да нанесат удар врз ВМРО-ДПМНЕ и практично да ја забранат ВМРО- ДПМНЕ да постои. Затоа што така ќе бидат најсигурни. Тоа е проектот што го прави СДСМ преку своите структури во судството, обвинителството со нарачани сведочења и решението е да се побара правен основ да не постои повеќе партијата, рече Мицкоски.