Мицкоски: Само власта и инсталации на власта во опозицијата се против референдум, Владата со национално сака да го сокрие својот криминал

Само власта и инсталициите на власта во опозицијата се оние кои се против референдумско изјаснување за францускиот предлог, вели лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски. Според него огромен број од граѓаните без разлика на нивната етничка припадност бараат референдумско изјаснување за францускиот предлог, а тоа не и одговара само на власта.

-Има една чудна состојба која што морам да ја констатирам, а тоа е дека противници на ваквото референдумско изјаснување на народот се власта и оние инсталации на власта во опозицијата. Тоа е една чудна ситуација која што ги обединува тие инсталации на власта во опозицијата и помеѓу македонскиот народ и самата власт. А сите останати огромно мнозинство граѓани без разлика на етничката припадност се за тоа да имаме референдум. Затоа ќе повторам само инсталациите на власта и власта се против референдум, порачува Мицкоски.

Според Мицкоски, Владата предводена до СДСМ, распродавајќи ги националните интереси, заборава на реалните проблеми на граѓаните и се обидува да ги сокрие своите криминални дејствија.

ТОНСКО ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ- претседател на ВМРО-ДПМНЕ: Додека ја распродаваат државата и иидентитетот не престануваат да крадат не престануваат да крадат, па се нижат тендерите кои што се вклучуваат во четири очи. Имаме неколку такви во изминатиов период. За жал состојбата во образованието, здравството е катастрофална, економијата веќе да не ја ни споменува никој во државата. Граѓаните веќе буквално мака мачат да се прехранат од први до први, бидејќи инфлацијата е галопирачка, стандардот стагнира, од надолу, порачува Мицкоски.

Веќе е познато дека власта не сака да слушне за референдум, тоа преку партиската говорница го соопшти и портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска. Според владејачката партија, директното прашување на граѓаните, било против интересите на државата.

-Најавите за референдум против заклучоците на Собранието за заштита на македонскиот идентитет, и против тоа македонски јазик во ЕУ не се ништо друго освен обична фарса на Мицкоски за внатрешна употреба во ВМРО ДПМНЕ. Референдум против македонски јазик во ЕУ не е потребен. СДСМ нема да поддржи референдум којшто е против заштита на македонскиот јазик, идентитет, историја и посебност во преговорите со ЕУ, изјави Кузеска.

Христијан Мицкоски кажа дека во моментов се консултира со експерти како би било формулирано референдумското прашање и дали истиот би бил консултативен или задолжителен. Потеренцираше дека уставните измени се недозволиви за ВМРО-ДПМНЕ, како и дека пратениците на оваа партија ќе бидат браникот на македонскит идентитет. Порача и дека опозицијата на следните парламентарни избори ќе обезбеди историска победа, а власта ќе го доживее историски најкатастрофалниот пораз.

Матеја Петровски