Мицкоски сака да гo испрати Ахмети во опозиција: На Македонија и треба Влада на македонско национално единствено, а ДУИ да не биде власт
Влада на широко македонско национално единство и заминување на ДУИ во опозиција. Лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски смета дека тоа и е потребно на Македонија во овие моменти, бидејќи оваа влада има се освен македонско единство. Според него време е ДУИ да замине во опозицијата со цел таа партија конечно да се реформира.
-Јас сум за Влада каде ќе имаме во која што ќе имаме едно широко македонско национално единство, бидејќи сега сме во Влада која што има се само нема македонско единство. Имаме премиер кој што нема народен легитимитет и имаме македонска условно кажано политичка партија која што е малцински потчинет партнер, односно во заложништво на оние кои вистински управуваат со државата, изјави Мицкоски.
Мицкоски е цврст на ставот дека внесувањето на Бугарите во Уставот во вакви услови на уценетост на државата е невозможно. Според него оваа власт нема кредибилитет да ги донесе уставните измени, бидејќи прифатиле нешто против кое што се речиси сите Македонци.
-Политичари кои што сакаат да имаат политички авторитет и политичари со народен кредибилитет најпрвин треба да излезат пред народот и да му кажат на народот видете луѓе, имаме проблем, проблемот е на маса, овие го прифатија овој проблем, надвор од ваша волја, надвор од волјата на политичките партии во Македонија, ние ова не можеме да го прифатиме вака како што е затоа нудиме ова и ова решение, изјави Мицкоски.
Мицкоски кажа дека се уште не добил ниту покана за лидерска средба од премиерот Димитар Ковачевски. Спремен е да седне на маса со премиерот, но таа средба да биде само меѓу нив двајца, бидејќи средбите во поширок круг досега не донеле ништо корисно за држават.
-На така широк формат, не лидерска, туку тимска средба ајде така да ја наречеме никогаш не се носеле заклучоци. Тоа е повеќе ПР егзибиција, да поминат неколку часа разговори на оваа или на онаа тема, да излеземе пред новинарите да дадеме изјава, новинарите ќе не прашаат што се договоривте, ние ќе кажеме ништо не се договоривме. И практично освен еден дополнителен спектакл за јавноста воопшто ништо нема да значи таа лидерска средба, изјави Мицкоски.
Мицкоски најави и репреговарање на договорот за Коридорите 8 и 10Д. Вели како следна Влада ќе наследат проект со многу нејаснотии и прашалници. Според лидерот на опозицијата Ковачевски и неговите колеги со договорот со Бехтел и Енка ги погазиле сите европски вредности, кои цело време декларативно ги промовираат.
Матеја Петровски