Мицкоски реагира, Ковачевски се правда: Зошто се кочат општинските обврзници

Ковачевски контра градоначалниците кои бараат  со општински обврзници да финансират капитални инвестиции. Премиерот тврди дека нема субјективна причина за власта го блокира процесот, но кога станува збор за нови задолжувања секогаш се прават детални анализи..

„Секогаш се прават соодветни анализи од страна на службите во Министерството за финансии и секторите за јавен долг итн и штом ќе бидат направени сите анализи согласно стратегијата за јавен долг на државата и согласно со претпоставките од таа стратегија за јавен долг што се одобрува од парламентот и оди заедно со буџетот и доколку е во рамки на претпоставките тогаш процедурата ќе продолжи. Така да не постои некаква субјективна причина„-изјави премиерот Ковачевски.

И додека власта во одобрувањето на општински обврзници не гледа ништо субјективно, за Мицкоски  неодобрувањето е кочница за реализирање на капитални инвестиции и е на штета на  граѓаните кои се жртви на политиката на СДСМ и ДУИ.  

   Штип беше првата општина која побара преку издавање на обврзница да реализира неколку капитални проекти. И покрај тоа што Комисијата за хартии од вредност и Министерството за финансии дадоа зелено светло, точката за издавање на обврзница на Штип беше тргната од владина седница поради, како што тогаш рече градоначалникот наводно усогласување на документацијата.

Александра Ристевска

Advertisements