Мицкоски против, Ковачевски резервиран за „втора европска лига“

Европа подготвува терен за Европска геополитичка заедница или таканаречена „втора лига“  за земјите од Западен Балкан и Источото партнерство на ЕУ меѓу кои и Украина која се обидува да стане кандидат за ЕУ ова лето.  По Макрон, идејата ја конкретизира и  Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел кој нагласи дека заедницата ќе се стреми кон „приближување и зајакнување на соработката за справување со заедничките предизвици“. Според Мишел идејата е лидерите на земјите од таканаречената втора лига да се состануват најмалку двапати годишно.  

Земјите од Западен Балкан, земјите кои се приклучуваат од нашето источно партнерство и другите европски земји со кои имаме блиски односи се првите на кои мислам. Лидерите на земјите кои би учествувале во овој проект ќе се состануваат најмалку двапати годишно, а надворешната политика би била најважната област на соработка во таа заедница, рече Шарл Мишел.

Ваквата идеја за Македонија не е опција, реагира лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски. Тој не сака да размислува за втора лига, туку за место на Македонија во првата петторка оти сме направиле повеќе од кој било друг.

Македонија треба да бидете во првата петторка , а не во втора лига. Историски гледано, а и во поновата историја Македонија било кој од овие други држави бидејќи направи повеќе за европските вредности од било кој друг. Прво бевме спречени од нашиот јужен сосед и тука тапкавме во место со децении, за да сега имаме уште поглупаво барање од нашиот  источен сосед . Редно време е Европа е да ги исполне своите ветувања, порача лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски.

Конкретниот план на Макрон и Мишел за премиерот Ковачевски пак е само размислување. За ова тој разговарал и телефонски со францускиот претседател Емануел Макрон. Сепак доколку сценариото и се случи, тој не верува дека ќе влијае негативно на процесот на проширување во ЕУ.

-Во моментов тоа се размислувања и концепти кои се уште не се презентирани на Европскиот совет. Новата геополитичка ситуација во светот и во Европа особено со оглед на војната во Украина, секако дека налага ЕУ како најголема заедница на држави во Европа да го размислува својот понатамошен развој. Но, сепак, во ЕУ постои процесот на проширување во којшто процес ние сме дел и секако дека тој процес на проширување којшто е направен според новата методологија, на кластери на отворање на поглавја не треба и јас верувам дека нема да биде засегнат од нормално усогласувањето на ЕУ со новото геополитичко опкружување во Европа, изјави Ковачевски.

Проектот наречен Европска политичка заедница беше предложен минатата недела од францускиот претседател Емануел Макрон. Макрон побара од ЕУ да најде нови начини за политичка соработка со државите што не се членки на Унијата.

Кристина Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста