Мицкоски присуствуваше на Академијата “75 години од егзодусот на Македонците од Егејскиот дел на Македонија”
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на Академијата “75 години од егзодусот на Македонците од Егејскиот дел на Македонија”.
- Ми преставува чест и задоволство да присуствувам на Академијата “75 години од егзодусот на Македонците од Егејскиот дел на Македонија”. Да не се заборави оваа човечка трагедија, да се извлечат поуки, само обединети можеме да создадеме заедничка иднина за сите, пишува Мицкоски во својата објава на Фејсбук.

Инаку, одбележувањето е во рамките на шестата светска средба на децата бегалци и насилно прогонетите Македонци од Егејскиот дел на Македонија која се одржува преку целата 2023 година на сите настани што ги организираат сите Здруженија на Македонците од Егејскиот дел на Македонија. По тој повод претпладнето делегација на здруженијата положи цвеќе пред споменикот на децата бегалци во „Жена парк“ спроти Собранието на Македонија.