Мицкоски: По формирање на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, ќе ја засилиме соработката со членките на ЕУ

На третиот ден од Конгресот на Европската народна партија во Ротердам, првиот човек на ВМРО ДПМНЕ, Мицкоски во интервју за вестите на Алфа во 12.30, направи сублимат од пораките што тој ги испратил во разговорите со европските лидери со кои се сретнал, но и за тоа каква е нивната перцепција во однос на проблемите со кои се соочува Македонија. Европските челници слушнале за неразумните потези на владата предводена од Димитар Ковачевски, меѓу кои и за одбивањето да го прифати предлог законот на ВМРО-ДПМНЕ за продолжување на повластената даночна стапка за прехранбените производи, со што директно се влијае врз стандардот и џебот на граѓаните. Со Христијан Мицкоски разговараше Ивана Соколовиќ – Најдова.

Advertisements

Поврзани вести