Мицкоски: Поскапувања има затоа што власта ги краде граѓаните

Продолжување на примената на повластена даночна стапка на ДДВ до крај на годината и за прехрамбените продукти и за горивата-предлага лидерот на ВМРО ДМПНЕ Мицкоски,тоа е вели единствениот начин да се спасат граѓаните од новиот ценовен шок кој ги долчи.

– „За повластена стапка на артиклите за посластена стапка на горивата,еве нека биде Владата предлагач, не мора ВМРО, ние ќе го поддржиме.Еве апелитам од овде од Битола,аман доста се инаетите, со инает ништо не се постигнува, граќаните губат, вака не води политика.Ова повеќе личи на детско реално нефкусно шоу, односот не им е зрел, не им е одговорен.“ – Изјави Христијан Мицкоски.

И додека Премиерот Ковачески се удира в гради, велејќи дека за овие 4 месеци направил повеќе отколку некој за 4 години,Мицкоски вели,тој е манипулант кој дополнително создава чувство на фрусутрација кај граѓаните во овие тешки моменти. Нека каже дека Македонија нема перспектива, дека ни се разурнати буквало национални позиции,дека граѓаните живеат тешко, едвај врзувајќи крај со крај-тоа е реалноста.

Имаме рекордна инфлација, на дното сме според странските и домашни инвестиции капитулиравме пред енергетската криза, во фаза сме да капитулираме и пред економската криза,вели Мицкоски кој се осврна и на катастрофалната состојба во РЕК Битола.

– „Не работат крадат, е затоа ќе има поскапување на струјата и затоа реков дека тие капитулираа пред енергетскаат криза.Енергетиката не е купи ден продај и не служи за дневно политички цели, во енергетиката се планира 5-10 год однапред. За жал овие само ги бројат часовте на багерите со регистарски таблици од еден град во југоисточна Македонија и годината наместо 365 дена трае за жал 450, 500 дена ако ги погледате фактурите кои ги доставуваат.“ – Додаде Мицкоски.

Тој при денешната посета на Битола го поддржа работниците,ако работниците излезат на протест, ние тој протест ќе го поддржиме.

Новинар: Росица Голабоска
Снимател и монтажа: Златко Маневски

Поврзани вести