Мицкоски повикува на семакедонско обединување за подобра иднина

Пред политичарите е голем предизвик – цврсто, храбро и мотивирано да се одбрани најмалиот народ на Балканот- македонскиот. Единствено со национален патриотизам и македонизам ќе се заштитат македонските граѓани и нивните интереси, но и без повторување на политиката и политичарите какви што гледаме во последните пет години, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Повика на голем општествен договор и побара обединување и борба за иднината на наредните генерации.

  • На новата генерација политичари во Македонија, новата генерација на политичари во ВМРО-ДПМНЕ е честа, обврска и привилегија да го брани најмалиот народ на Балканот, а тоа е македонскиот народ. И тоа можеби е голем предизвик, но јас сум убеден дека ние сите можеме да одговориме на тој предизвик, онака како што само знаееме и умееме – цврсто, храбро и мотивирано да го одбраниме најмалиот народ на Балканот, а тоа е македонскиот народ“, рече Мицкоски.

Мицкоски предупреди дека 129 години од формирањето на македонската револуционерна организација и борбата за независна и суверена држава, македонските национални интереси повторно се ставени на маса. Владата на СДСМ потпиша договор со кој македонизмот до 45тата година го поврзува со бугарскиот идентитет.

  • Денеска имаме два нови моменти кои ја оптоваруваат нашата европска иднина, членството во ЕУ. Првиот е условот за Уставот и промената на Преамбулата и вториот од пред некој ден барање за бришење на бројката и процентот со кој ќе се детерминира јазикот на Албанскиот народ. Ајде и за тоа да зборуваме. Јас сум подготвен за се да зборувам. Ајде аргументите да ги ставиме на маса. Ако ја смениме Преамбулата ќе бидеме ли во 2030 година членка на ЕУ, ќе потпише ли некој дека ќе бидеме членка како што ни ветуваат, ќе донесе ли Европскиот парламент заклучок и резолуција со кој се признава посебноста на македонскиот јазик“, праша Мицкоски.

Освен што македонскиот индентитет е доведен во прашање, македонскиот народ гледа дека оваа влада не инвестира во ништо вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ. Не се вложува во образованието, здравството, културата, земјоделството, но обврска на ВМРО-ДПМНЕ е да ги задржи младите во Македонија и да им обезбеди подобра иднина потенцира Мицкоски.

  • И ние денеска преку тие модернизирани,  обновени  со ресурси за следните 5, 10 години производни капацитети да произведуваме и да извезуваме ние денеска мака мачиме како да ги обезбедиме елементарните услови овие да функционираат. Тоа не е патриотизам“,  изјави Мицкоски.

Мицкоски ги повика и Социјал-демократите да се приклучат кон семакедонското обединување. Подготвен е да разговара со Ковачевски за македонските национални прашања. Да ги исцртаме македонските црвени линии и да не се поместиме од нив завршува Мицкоски.

Advertisements