Мицкоски: План за справување со кризата, двојно поевтина струја, за спречување на инфлацијата и зачувување на работни места

Двојно поевтина струја за стопанството со активирање на сите домашни капацитети ,  јавните комунални претпријатија, образовните објекти и здравствените установи да се вратат на регулиран пазар- Лидерот на опозициската ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски со прецизни мерки за справување со енергетската криза затоа што е доста од понижување и молење од околните држави кои се навредувачки за македонските граѓани.

Мицкоски ги нуди на располагање сите негови контакти дома и во Европа за да се обезбеди доволно електрична енергија по двојно поевтина цена.  Предлогот на Мицкоски предвидува ТЕЦ Неготино да произведува електрична енергија за стопанството,. А сите капацитети на ТЕТО да се стават на располагање за домаќинствата. Ваквиот енергетски план од Мицкоски ќе обезбеди ресурс и за поевтино парно греење.

Ги ставаме на располагање на бизнис заедницата, а индиректно и на Владата во овие тешки времиња кога гледаме дека државата полека но сигурно влегува во амбис, на располагање сите наши контакти, да обезбедиме ресурси со кои што ќе произведеме електрична енергија, која што ќе биде најмалку двојно поевтина од таа која што е на референтната берза – HUPX. И истата да ја користи стопанството, а се со цел да спасиме стотици илјади работни места од губење, во периодот кој што следи. А, граѓаните кои што се корисници но и институциите кои што се корисници на централното затоплување во Градот Скопје да не добијат повисоки сметки за парно, рече Мицкоски.

Мицкоски до крајот на неделата ќе достави до Собрание Предлог измени на Законот за енергетика со кој ќе се побара сите јавни комунални претпријатија, училиштата и здравсвените установи да се вратат на регулиран пазар, односно да плаќаат електрична енергија како домаќинствата. Доколку не се случи ова комуналните претпријатија ќе мора да ја зголемат цената на комуналиите и водата.

И вториот предлог кој што исто така јавно сакаме да го соопштиме е предлог закон со кој што ќе бараме измена на Законот за енергетика, кој што ќе биде доставен до крајот на оваа недела или на почетокот на следната недела во собраниска процедура. Со кој што ќе побараме сите претпријатија кои што вршат јавна дејност во делот на комуналните услуги, водостопанството но исто така и објектите во образованието, објектите во јавното здравство да бидат вратени онаму каде што им е местото, на регулиран пазар, додаде Мицкоски.

За  првиот човек на  Сојузот на стопански комори, Трајан Ангелоски Планот содржи конструктивни мерки кои би дале резултати. Според него не е важно дали план за справување на енргетска криза доаѓа од власт или опозиција туку дека мора да се работи за спас на стопанството.

Кристина Алексиеска

Advertisements