Мицкоски: Ниту една оставка нема да биде бегство од одговорност

Ковачевски имајте храброст и дајте си оставка. Така ќе ја спасите Македонија и ќе направете барем едно нешто добро за државата, порача вечерва од Штип, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Ова не значи дека ќе биде бегство од одговорноста, напротив ќе одговараат за секој украден денар потенцираше лидерот на опозицијата.

  • Овие денови, морам да споменам почитувани штипјани, најгласен е муабетот во одредени политички кулуари , дека Ковачевски кој работи како помал бизнис партнер на ДУИ, веќе еднаш си поднел писмена оставка до Собранието. Овие кои се многу свесни дека со падот на власта доаѓа и одговорност многу жештоко го убедувале во спротивното. Талат и останатите од компанијата го убедувале да не си даде оставка затоа што знаат дека од правдата нема бегање. Значи имаме премиер кој утрото се буди, попладнето си дава оставка, а вечерта се премислува затоа што на човекот тоа место му е подарено и не му се одговара толку брзо, па си вика да се тргнам и да се спасам на враме. Па да му порачам, Ковачевски не мачете се, дајте си оставка“, рече Христијан Мицкоски.

Во моментот луѓето од власта на државата гледаат како корпорација во која главен директор е ДУИ, а подизведувач СДСМ. Сакајќи да ја дефокусираат јавноста тврдењата на опозицијата ги претставуваат како напад врз Албанците, што не е така, истакна Мицкоски посочувајќи дека власта ги краде и осиромашува не само Македонците, туку и Албанците.

  • Имаме буквално процес на дуизација на системот, кој ни носи во суштина и дуизација на Македонија. Тоа не е само политичко окупирање на институциите, туку еден извитоперен систем на невредности, на криминално однесуивање кое го труе системот и секоја здрава клетка. Храброста не им произлегува од тоа што навистина се такви, туку затоа што таа дуизација со подизведувачот СДСМ го зафати судството и обвинителството кое пак им е гаранција дека нема да одговарат за криминалот што го прават„ рече Христијан Мицкоски.

На денешната трибина на тема Современи образовни политики што е во рамки на акцијата “Ова е Македонија за сите“ Мицкоски од граѓаните побара обединување, како и масовно да излезат на гласање, со што за државата ќе почнат едни подобри времиња исполнети со просперитет и оптимизам.

Алексадра Ристевска

Advertisements