Мицкоски: Никој да не се надева дека ќе се спаси, секој политичар што направил криминал ќе одговара!
Намалувањето на затворските казни на криминалците од највисоки редови, бришењето на ставот 5 од кривичниот законик и те како ќе влијае на патот на Македонија кон ЕУ, смета претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски коментриајќи ги последните случувања со најновите измени на КЗ кои стапија во сила вчера.
Мицкоски смета дека криминалот и корупцијата кои владеат во Македонија се една од главните пречки на државата за да може да се развива, неказнивоста на истите е пак рак рана на општеството. Тој вели дека СДСМ и ДУИ се подготвуваат за опозиција па затоа на ваков начин со налепено европско знаменце ги донесоа измените во Собранието. Но Мицкоски повторно порача дека криминалците ќе одговараат. Најави дека подготвуваат ново законско решение.
- „Тоа ќе пратставува озбилна пречка, затоа идната владата на ВМРО-ДПМНЕ има сериозна намера да се позанимава со ваквиот облика на криминал и корупција. Подготвуваме оргинално законско решение кое ќе биде дел од идната предизборна програма на партијата и тоа може да се примени и имплементира постојните закони во Македонија. Не мора некои револуционерни, робусни реформи да се прават…“ вели Мицкоски.
Тврдењата на Ковачевски дека со новите законски измени нема да бидат опфатени големи кривични дела, според Мицкоски се апсурдни.
- „Ковачевски многу работи зборува изминатиот период, често пати велам дека сепак поради институцијата која што ја претставува треба да се коментира, инаку индивидуално не знам дали воопшто заслужуваат тие негови позиции коментар но еве јавноста нека оцени, ако не е тешко дело перење на пари, уцена итн., има неколку дела кои се директно афектирани од страна на овие измени во Кривичниот законик, ако не се тешки дела тогаш навистина не знам што се тешки дела. Јасно е дека тој и пратениците на СДСМ заедно со ДУИ и пратениците од ДУИ и останатите се спремаат за опозиција и на ваков начин сакаат да си обезбедат покомотна положба.
Измените на кривичниот законик бурно беа дочекани од граѓаните, експертите, но и од меѓународната заедница. Американската амбасада рече ќе го разгледа закониот, а евроамбасадорот Гир, покрај загриженоста за носење на законот со европско знаменце, рече дека и со овие измени се зголемува ризикот за зголемување на неказнивоста во Македонија. Законот беше изгласан по брза постапка, без дебата и само со поддршка од владејачката коалиција.
Мери Симоновска