Мицкоски: Не е доволно да капитулирате, да тргувате со националното достоинство за да добие евроатланска иднина

Во гостувањето во вонредното издание на „Отворено“ на Алфа гостин вечерва беше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски,  се осврна и најновите моменти со евроатланската иднина на државата.

-Императив за Македонија да има вистинска евро- атлантска иднина е владеење на правото, враќање на правната државата. Сето она што денеска го нема во Република Македонија, што е дел од овој апсолутизам и деспотизам предводен од Зоран Заев и СДСМ. Не е доволно да капитулирате, не доволно да тргувате со националното достоинство и да чекате само затоа што сте капитулирале да добиете евроатланска иднина, таа се добива со многу реформи, изјави Мицкоски.