Мицкоски: Неразумен и неприфатлив е текстот во уставните измени, ќе ја влошат позицијата на Македонија кон ЕУ

Доцна е сега примиерот Ковачевски да бара консензус за уставните измени, консензус може да има само за предвремени парламентарни избори. За опозицијата текстот за внесување на Бугарите во Уставот е во насока дополнително да ги загрози позициите на Македонија за полноправно членоство во Унијата. Лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски децидно вели дека власта кога требало да бара консензус, таа сама потпишувала договори и прифаќала услови кои не може да ги испорача и ја носи Македонија во слепа улица.

  • „Сега е доцна за такво нешто. Со премиерот Ковачевски сега можеме само да зборуваме за еден консензус, а тоа е предвремени парламентарни избори. Прво, треба јавноста да знае, а ние како политичка партија тоа многу пати сме го повториле во минатото е дека воопшто сега немаше потреба предлог текст да се појавува во јавноста, бидејќи првиот чекор за кој што се потребни 80 пратеници е чекор во којшто се утврдува потребата за отворање на Уставот и доколку нема двотретинско мнозинство, 80 претеници, тука завршува. Доколку има двотретинско мнозинство, тука влегуваме во вториот чекор каде што е потребно просто нозинство или 61 пратеник и каде што веќе треба да се рзговара по суштина, односно по текстот на предлог амандманите за промена на Уставот“, потенцираше Мицкоски.

Мицкоски вели знае зошто претседателот Пендаровски вели дека не ги разбира аргументите на ВМРО-ДПМНЕ против уставните измени – а тоа е дека се моли за втор мандат поддржан од владејачката коалиција. Но, првиот човек на опозицијата пососчува дека за ВМРО-ДПМНЕ е важно тоа што повеќе од 80 проценти од граѓаните разбираат и се против уставните измени.

  • „Ние го разбираме претседателот Пендаровски, затоа што претседателот Пендаровски во моментот, коленичи за да добие втор мандат и да биде поддржан од СДС и ДУИ и мисли дека на тој начин ќе биде повторно избран, што мислам дека му е погрешна проценка и само го губи својот образ и човечко достоинство, но, тој нека продолжи да коленичи, нас ни е важно дека сме разбрани кај повеќе од 80 проценти од граѓаните во Македонија, а дали Стево Пендаровски не разбира, тоа е негов личен проблем и можам да ви кажам дека и воопшто не ми е гајле дали Стево Пендаровски не разбира или не“ нагласи Мицкоски.

Мицкоски уверува влада која ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ по следните парламентарни избори, без разлика дали се работи за национално прашање, економијата, даночна реформа или било која тема,  никогаш нема да влезе во суштинска расправа без да има политички консензус, па ако е потребно и општествен консензус.

Викторија Миткова

Advertisements