НАЈНОВИ ВЕСТИ

Мицкоски: Нема теоретска шанса да поминат уставните измени

„Нема теоретска шанса да поминат утавните измени“. Манипулативни се тврдењата на власта дека тие што не поддржуваат внесување на Бугарите во Уставот не се со западот – по цена на само одрекување нема во ЕУ – е ставот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по вчерашната седница на која се покажа дека власта не обезбедила 2/3 мнозинство за поддршка за отворање на највисокиот правен акт.

  • Лажно е тврдењето на власта и нивното упростување на работите дека од прифаќањето на уставните измени под бугарски диктат ќе зависело дали ќе сме биле за ЕУ или против ЕУ, или како што тие сакаат да ја престават црно бела сликата – дали ќе сме биле за западот или ќе сме биле за истокот. Ова воопшто не е таков избор и ве молам тука и медиумите, новинарите, експертите и целата јавност да не наседнува на оваа бледа манипулација. Е сега тие може да се преставуваат за европејци, но се далеку од тоа. Не се европејци и лажно е нивното сечење на вени по ЕУ, затоа тоа што додека го прават тоа Македонија е под истрага за крадење на пари и злоупотреба на фондови од Европската Унија“ вели Мицкоски.

Мицкоски ги демантираше тврдењата на Ковачевски дека сите биле вклучени во процесот на создавање на преговарачката рамка. Без да прифатат ниту еден предлог на ВМРО-ДПМНЕ, власта потенцира Мицкоски кои беа во насока на разоружување на диктатот и обезбедување гаранции за Македонија.

  • Клучната грешка на власта во процесот на создавање на ова решение кое гледаме како заврши, е тоа што целосно ја исклучи опозицијата. Седеа, договараа, прифатија се што другата страна сака, и излегоа во јавност и сега велат ајде прифатете. Не може да бараат консензус за нешто во кое што не сме биле вклучени во неговото креирање, рече Мицкоски.

Тој додаде дека Македонија не треба повторно да влегува во играта на стапот и морковот без никакви гаранции за влез во ЕУ.

  • „Не за влегување во повторната игра на стапот и морковот, без било какви гаранции за влез во ЕУ, од кој што земјава ќе го види само стапот, односно уште една блокада. На крајот сите ние веруваме во Копенхашките критериуми, кои сигурно не се, прифаќање на едно лудило од барања на соседната држава, со јасна тенденција да го избрише постоењето и историјата на друга држава. Соседна држава да направи упад во историјата, колективното чувство на друга држава и сето тоа да стане критериум за интеграција на државата во Европската Унија. И сето ова го овозможија оваа власт и овие политичари“, подвлече Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ застана зад барањето на опозициските пратеници дека е време за предвремени парламантарни избори бидејќи како што вели, по пропаѓањето на уставните измени Македонија е влезена во политичка криза.