Мицкоски на средба со Росвал: Македонија што побрзо да бидел дел од ЕУ, но без негирање на историјата и идентитетот

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ствари средба со Џесика Росвал, министерка за европски прашања на Кралството Шведска.

На средбата се разговарало за актуелната политичка и економска состојба, и евроинтегративниот процес на Македонија.

„Христијан Мицкоски го реафирмираше ставот на партијата за тоа дека уставни измени под бугарски диктат нема да има, истакнувајќи дека таквиот однос на уцена од страна на Бугарија не само што ги нарушува меѓусоседските односи меѓу двете земји, туку и не претставува никаква европска вредност. Тој додаде дека стратешки интерес за просперитетот и развојот на државата е Македонија да стане што побрзо дел од големото европско семејство, но без негирање на историјата и идентитетот“ – стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста