Мицкоски на средба со Пол Мекарти: ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати уставни измени под овие околности и под бугарски диктат
ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати уставни измени под овие околности и под бугарски диктат, нагласил лидерот на партијата, Христијан Мицкоски на средба со Пол Мекарти – регионален директор за Европа на Меѓународниот републикански институт (ИРИ). Мицкоски уште еднаш го афирмирал ставот на ВМРО-ДПМНЕ за уставните измени и спорот за Бугарија, а на средбата се разговарало и за актуелната политичка и економска состојба, високиот степен на корупција, како и евроинтеграциските процеси на Македонија. Воедно, се истакна меѓусебна благодарност за добрата соработка помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ИРИ, и се соглсиле дека истата ќе продолжи да се развива и во иднина врз база на рамноправност, принципи и вистински вредности, информираат од партијата.
КАТЕГОРИИ Uncategorized