Мицкоски на средба со Дрекслер- Владата нема поддршка за уставни ниту од ВМРО ниту од граѓаните
А опозицискиот лидер Христијан Мицкоски оствари средба со германската амбасадорка во Македонија, Петра Дрекслер.
На средбата се разговарало за актуелната политичка состојба и евроинтегративниот процес на земјава.
„Мицкоски ја информираше амбасадорката дека власта свесно го крши Деловникот за работа на Собранието со тоа што не ги става уставните измени на гласање, бидејќи нема двотретинско мнозинство“ се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ во кое во продолжение се вели и дека тој уште еднаш го афирмирал ставот на партијата дека нема да поддржат уставни измени под бугарски диктат, и посочил дека билатералните прашања не смеат да се услов за почеток на преговорите со ЕУ.
„Мицкоски рече дека во услови кога власта е делегитимирана и нема ниту поддршка од граѓаните, потребно е одржување на предвремени парламентарни избори кои што ќе значат излез од овој ќорсокак во кој владата на СДСМ и ДУИ ја втурнаа државата“ наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.