Мицкоски на вечера со Џон Малкович, разговарале за филмските студија

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, објави дека вечерал заедно со холивудскиот актер Џон Малкович, кој деновиве е во посета на Македонија. На средбата се разговарало за филмските студија кои на Зајчев рид сака да ги изгради компанијата која ја застапува холивудскиот актер.

„На вечера со Џон Малкович и разговор за развојните проекти и филмските студија. Македонија мора да фати чекор со глобалните текови, нашата борба е да се развиваме во секој можен сегмент“, објави Мицкоски.

Малкович подолго време најавува филмски студија, како и поголем деловен комплекс за истражување, образование, сместување, трговија,како дел од предлогот за проектот наречен „STP Stone Bridge Studios“, зад кој стојат лица од САД, Србија и земјава. Владата уште минатата година соопшти дека предлогот ќе се разгледува.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста